Британските лабуристи бараат поголема контрола за весниците

Од:

Британските лабуристи побараа поголема контрола за весниците, доколку нивните издавачи и сопственици не ги прифатат новите мерки кои ја регулираат работата на печатот.

Заменик лидерот на лабуристичката партија Хариет Харман предупреди дека весниците ќе се соочат со „законска регулатива“ ако одбијат да ја потпишат така наречената кралска повелба. Тоа значи дека весниците ќе имаат обврска своето работење да го усогласат врз основите на одредбите на закон, а не на повелбата, која е постигната со меѓупартиска согласност, без за неа да се гласа во Парламентот.

Спогодбата за повелбата е направена за да се имплементираат препораките на судијата Левисон, донесени по деветмесечната јавна истрага за работењето и моралноста на весниците. Истрагата беше покрената во есента 2011 година, по ескалацијата на аферата со прислушувањето на мобилните телефони, што беше откриена во неделникот „Њуз оф д Ворлд“.

Реакцијата на Харман и на лабуристичката партија доаѓа по изјавата на министерот за култура Марија Милер, дека „весниците не може да се натераат да ја потпишат повелебата“ за тоа како ќе се однесуваат.

Повелбата предвидува наместа сегашното саморегулирање, да се создаде независен контролор кој ќе ја надгледува работата и ќе „пресудува“ доколку има поплаки и реакции од јавноста. Предвидени се и високи парични казни и јавно извинување, доколку весниците погрешат според мислењето на некоја странка која ќе се смета за оштетена или оцени дека и е повредена приватноста. Казни се предвидени и за сопстениците на весниците.

Неделникот „Спектејтор“ гласило многу блиско на британските конзервативци, како и сатиричниот магазин „Прајват ај“ соопштија дека нема да ја потпишат повелбата. Повелбата ја осуди Меѓународната асоцијација на весници и списанија, како и Светскиот форум на уредници кои предупредија дека овој документ може да има „катастрофално влијание“ врз весниците во светот и врз новинарството.

Според овие две меѓународни организации, повелбата ќе ја загрози 300 години старата слобода на печатот во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он