Британските евроскептици незадоволни од нацрт-договорот на Лондон со Брисел

Од:

ЕУ прифти компромис со Велика Британија околу барањата на Лондон за реформирање на Унијата, но британските евроскептици се незадоволни од нацрт-договорот што го обелодени денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Според нивните проценки, Велика Британија не го постигнала она што го бара од Брисел, ниту кога станува збор за мигрантите од земјите на ЕУ, ниту околу враќањето на „сувереноста“ на Парламентот во Лондон, во однос на законите што ги носи Европската комисија во Брисел.

Европратеникот од редовите на британските конзервативци Даниел Ханан изјави дека целиот договор, што се прикажува како „триумф“ на Лондон, претставува лажна слика, како и дека во него нема ништо сериозно.

Најтврдиот антиевропски лондонски весник „Дејли Експрес“ го оцени договорот како „фарса“, додека проториевскиот „Дејли Мејл“ тврди дека Лондон само обезбедува „завеса“ за да покаже дека понуденото право на Велика Британија и на земјите-членки за покажување „црвен картон“ на Брисел е голем успех.

Во една од реакциите во овој весник се оценува дека „триумфот на Камерон е сосема безвреден“ и го споредува со договорот од Минхен од 1938 година меѓу Хитлер и тогашниот британски премиер Невил Чемберлен, кој прифати договор за да се спречи војната, а што се покажа дека не значеше ништо за тогашна Германија.

Лондонски „Тајмс“ открива дека во Владата на премиерот Дејвид Камерон веќе дошло до раздор, затоа што некои министри сметаат оти она што е договорено со Брисел е само „омекната“ верзија за дел од британските барања до ЕУ.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он