Британските адвокати стапуваат во штрајк, со месеци наназад одбиват да преземат нови случаи

Од:

Британските адвокати вклучени во кривични процеси одлучија од наредниот месец да штрајкуваат на неодредено време поради спорот околу државното финансирање, соопшти денеска Кривичниот адвокатски сојуз (ЦБА), заканувајќи се со натамошни прекини на судските постапки.

Адвокатите во Англија и Велс со месеци наназад одбиват да преземат нови случаи или да преземаат случаи од преоптоварени колеги.

Од Сојузот соопштуваат дека 80 отсто од членовите со право на глас ја поддржале иницијативата за штрајк.

Тие најавија дека ќе ја прекинат работата на неодредено време од 5 септември, кога во Британија треба да биде објавен наследникот на Борис Џонсон на премиерската функција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он