Британскиот воен брод ХМС Кент плови кон Персискиот Залив

Од:

Британскиот воен брод ХМС Кент синоќа се упати кон Персиски Залив и ќе се приклучи на мисијата предводена од САД за заштита на комерцијалните бродови во момент на политички тензии помеѓу Западот и Иран.

– Нашата цел во Персиски Залив останува да цврсто влијаеме на деескалација на тензиите, изјави еден од офицерите на британскиот брод.

Мисијата за заштита на комерцијалните бродови беше иницирана откако Иран заплени еден британски танкер во Ормутскиот Теснец откако британските маринци во близина на Гибралтар запленија ирански брод на 4 јули под сомнение дека криумчари нафта за Сирија.

Бродот Кент ќе му се придружи на бродот Данкан кој веќе е оперативен во Персискиот Залив.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он