Британскиот премиер не е сослушан од полицијата за забавите за време на локдаунот

Од:

Полицијата во Лондон не го испрашуваше британскиот премиер Борис Џонсон за серијата забави во неговата резиденција на Даунинг стрит за време на локдаунот, изјави денеска неговиот портпарол.

Тој додаде дека кабинетот на Џонсон сè уште не го добил извештајот од внатрешната истрага за можни прекршувања на изолацијата, спроведена од високиот државен службеник Сју Греј.

Премиерот Џонсон денеска изјави дека интерниот извештај во целост ќе го објави кога ќе биде готов.

Британската полиција во вторникот соопшти дека ги истражува наводите за серија настани одржани во канцелариите на премиерот Борис Џонсон во Даунинг стрит за време на заклучувањето, откако добила докази од внатрешна владина истрага.
Кабинетот на Џонсон оспори дека била организирана забава и за ИТВ Њуз изјави дека група вработени кои тој ден биле на работа во резиденцијата на премиерот на кратко се собрале во неговиот кабинет по состанокот за да му го честитаат роденденот, а „тој се задржал помалку од десет минути”.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Имавме договор со Украина, но се појави човекот со „добра фризура“, вели Путин

Катерина Ѓуровски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон