Британскиот премиер ги повика родителите да ги вратат децата на училиште

Од:

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон ги повика родителите да ги испратат децата на настава следниот месец бидејќи, како што рече тој „врвните медицински експерти во земјата потврдиле дека не постои здравствен ризик од повторното враќање на учениците“.

„Од суштинско значење е учениците да се вратат на училиште во септември, тоа е од витално значење за нивното образование и нивната благосостојба“, рече британскиот премиер.

„Ајде да се погрижиме сите деца, сите ученици да се вратат на училиште на почетокот на септември“, додаде Џонсон пред новинарите.

„Мислам дека родителите се навистина помалку загрижени за тоа дека нивните деца ќе се заразат со коронавирусот, но се што можам да кажам е дека ризиците се многу мали, дури и да се инфицираат, шансите за нивно страдање се многу многу мали“, додаде Џонсон.

Премиерот го сподели ставот на многумина лекари кои се појавија пред медимите во поддршка за враќањето на учениците, меѓу кои е и Крис Вити, главен советник за здравство во британската Влада, кој во интервју за Би-Би-Си изјави дека шансите децата да починат од Ковид-19 се многу помали отколку кај возрасните, но дека неодењето на училиште и неследењето на наставата во училниците, на долг рок за нив ќе биде голема загуба.

Епидемиологот Крис Вити го искористи своето интервју за да укаже на сериозните докази дека неодењето на училиште ќе влијае негативно врз физичкиот и психичкиот развој на децата, како и дека тие на долг рок ќе имаат поголема веројатност да заболат од некое тешко заболување.

Би можело да ве интересира

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Имавме договор со Украина, но се појави човекот со „добра фризура“, вели Путин

Катерина Ѓуровски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски