Британскиот министер за култура имал врска со „ескорт дама“

Од:

Британскиот министер за култура Џон Витингдејл бил во „тајна врска“ со жена за која подоцна се разбрало дека работи како „дама за ескорт“, што е само прикриено име за проститутка во високите кругови на опшеството.

Витингдјел кој е пратник на владејачката Конзервативна партија, уште од 1992 година, признава дека бил во врска со оваа жена шест месеци, меѓу август 2013 и февруари 2014 година но инсистира дека не знаел за нејзината „вистинска работа“.

Случајот со „дамата“ доби политичко значење кога се разбра дека четири лондонски весници знаеле за „непристојната врска“ и ја проверувале, но на крајот одлучиле да не пишуваат за тоа, што е крајно невообичаено во Британија, каде весниците внимателно го надгледуваат однесувањето на политичарите, а посебно нивниот приватен живот.

Пролевичарските „Пипл„ и „Индепендент„ како и проториевските „Меил он Сандеј„ и „Сан„ воделе истрага за случајот на Витингдејл, но на крајот решиле дека во него нема јавен интерес, кога овој ториевец беше претседател на влијателната парламентарна Комисија за култура и медиуми и беше дел од комисијата за регулирање на работата не весниците.

Ваквата негова позиција и постапката на четирите весници, предизвика опозициската Лабуристичка партија да побара од владата на премиерот Дејвид Камерон, да го повлече министерот Витингдејл од регулаторската функција.

Лабуристите сега се сомневаат во искреноста на проценките на весниците и тврдат дека од тогаш тој станал „лесно ранлив“ за весниците кои ја сокриле аферата.

Доколку беше обелоденета тогаш, таа секако ќе предизвикаше негово повлекување од функцијата, па затоа лабуристите тврдат дека министерот сега е „податлив на притисок“ од печатот, според принципот „услуга, за услуга“, и не може да продолжи да се грижи за регулацијата на весниците.

Џон Витингдејл се брани дека ништо лошо нема сторено, а Даунинг стрит 10 соопшти оти министерот е самец кој има право на приватен живот.

Критичарите меѓутоа инсистираат дека не станува збор за врската со жената , туку за неговата улога во регулаторската работа за весниците кои премолчиле тиражна тема, што во секоја друга прилика би ја објавиле.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он