Британскиот крал Чарлс Трети денеска ја пофали „одлучноста и силата“ на украинскиот народ во пораката по повод втората годишнина од војната во таа земја.
„Одлучноста и силата на украинскиот народ продолжува да инспирира додека неиспровоцираниот напад врз нивната земја, нивните животи и нивните средства за живот влегува во третата, трагична година“, рече кралот Чарлс.
Тој додаде дека Украинците покажуваат „вистинска храброст“ наспроти „неискажливата агресија“ и рече дека е охрабрен од поддршката што Британија и нејзините сојузници му ја даваат на Киев.