Британскиот Горен дом и „нанесе удар“ на Тереза Меј

Од:

Британскиот горен Дом на лордовите гласаше за измена на планот на премиерката Тереза Меј според што таа ќе може да ги започне преговорите за Брегзит само ако вети заштита на правата на три милиони граѓани на Европската унија кои живеаат во Велика Британија.

Со 358 гласови „за“ и 256 „против“ Домот на лородовте гласаше за амандман на законот за ЕУ со кој од британската Влада се бара да објави предлог за тоа како ќе бидат заштитени правата на државјаните на ЕУ кои во моментов живеат во Велика Британија, во рок од три месеци од започнувањето на преговорите за излез од Унијата.

Оваа одлука не го доведува во знак прашање законот што дозволува активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор, но ќе предизвика доцнење на усвојувањето на тој текст што овозможува започнување на процедурата за напуштање на ЕУ.

Британската Влада соопшти дека е разочарана од ваквиот исход на гласањето, но Меј нагласи дека останува со намерата да го започне Брегзит пред крајот на март, без оглед на одлуката на Горниот дом.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он