Британски војници на воена вежба во Естонија

Од:

Повеќе од 100 британски војници заминаа денеска од воената база на РАФ Нортон,во Оксфордшир,за Естонија,за да учествуваат во воената вежба во оваа балтичка земја.

Оваа вежба се одржува како реакција на продолжувањето на тензиите меѓу Киев и Москва,кои во источна Украина екслаираа во воени судирања меѓу федералистите и украинските безбедносни сили.

Властите на Естонија и на другите балтички држави стравуваат од евентуален упад на руските сили и на нивната територија,па побараа од НАТО и од сојузниците, зголемена воена заштита за нивниот територијален интегритет. Заедно со британските војници,за Естонија отпатува и министерот за одбрана Филип Хамонд.

Присуството на Брианците во оваа земја,означува прво воено вклучување на Велика Британија во некоја од вежбите и операциите во земјите на Источна Европа,по избувнувањето на украинската криза.

Според објаснувањето на министерството за одбрана во Лондон,учеството на британски војнци на една вежба во Естонија,претставува потврда на сојузништвото на Велика Британија со земјите од Балтикот,како порака до Русија дека Британците се подготвени да бидат дел од одбраната на сојузниците во овој дел од Европа.

Минатиот месец,британски авиони „Тајфун“ беа испратени во Литванија за да се приклучат во патролирањето над небото на трите балтички земји. Британскиот министер Хамонд,за време на престојот во регионот,ќе се сретне и со пилотите на авионите.

Полска и трите земји од Балтокот се најгласните критичари на руската „интервенција“ во Украина и анексијата на Крим,тврдејќи дека и тие се изложени на „директна закана„ од Русија.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он