Британски убиец ослободен по 48 години поминати во затвор

Од:

Британскиот убиец Хари Робертс е пуштен на слобода, откако помина 48 години во затворската ќелија, потврдија британските затворски власти.

Робертс кој сега има 78 години, беше осуден на доживотен затвор за убиството на тројца, невооружени полицајци. Тројното убиство се случи во Лондон, во 1966 година.

Ова е првпат во британската криминална историја, еден затвореник да биде ослободен, по безмалку половина век поминати во затвор.

На судењето пред 48 години, судијата определи дека Роберт ќе може да биде ослободен, дури откако ќе отслужи 30 години од својата казна, но во 1996 година, затворските власти одлучија тој да не биде беше пуштен на слобода, па во затворот остана и во следните 18 години.

Полицајците кои биле во рутинска патрола, биле ладнокрвно убиени кога сакале да го предупредат возачот на едно паркирано комби возило, дека не смее да стои во близината на затворската зграда во лондонскиот кварт Шепардс Буш, каде и се случило убиството.

Робертс кој бил во возилото, со уште двајца членови од неговата криминална банда, се криеле од полициската потера по извршен вооружен грабеж.

Ослободувањето на Робертс предизвика гневна реакција од роднините на тројцата убиени полицајци, како и од синдикатот на полицијата, кој ја нарече одлуката за пуштање на овој познат криминал како „неразумна“.

Британското Министерството за правда одби да го коментира ослободувањето, но негов претставник објасни дека движењето на Робертс ќе биде надгледувано, а тој ќе биде вратен во затвор, доколку се појави и најмала причина за тоа.

Другите двајца членови на неговата банда исто така беа осудени на доживотен затвор, на судењето во 1966 година, но едниот од нив е ослободен во 1991 година, по 25 години поминати во затвор. Седум години подоцна тој е најден убиен. Вториот криминален соработник на Робертс, е починат.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он