Британски разузнавачи: Руската армија копа ровови и поставува мински полиња на Крим

Од:

Британското Министерство за одбрана, врз основа на последните извештаи, вели дека руската армија копа ровови и утврдува одбранбени позиции на Крим.

Имено, британските разузнавачи тврдат дека Русите работат на воспоставување одбранбени позиции за да се подготват за евентуален украински напад. Тие додаваат дека „окупаторите во привремено окупираниот Крим се подготвуваат за истоварување на украинските сили долж брегот на селото Молоне во регионот Саки“.

Исто така, според извештајот испратен до британското Министерство за одбрана, се тврди дека Русите поставиле мински полиња и ископале нови ровови на таа локација.

Британските разузнавачи пренесуваат информации и од нивните украински колеги, кои забележале инсталирање на т.н „змејски заби“, кои се користат за забавување на минување на тешки возила.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива