Британски пратеник поднесе оставка поради земање пари за пратенички прашања

Од:

Пратеникот на британската Конзервативна партија,Патрик Мерсер поднесе оставка и се откажа од пратеничката функција,пред да биде суспедндиран од учеството во работата на Долниот дом на Парламентпот,во траење од шест месеци.

Казната требаше денеска да му ја изрече неговата партија,откако се откри дека Мерсер зема пари за поставување пратенички прашања.Аферата ја открија преправени репортери на проториевскиот „Дејли Телеграф“ и на ББЦ кои на пратеникот му се претставувале како „лобисти“ на наводно угледен бизнисмен од Фиџи кои има планови за инвестирање во британската економија.

На состанокот со Мерсер прикриените репортери кои биле озвучени,успеале од пратеникот да извлечат согласност дека во парламентарната процедура ќе стави предлози и иницијативи за видоизменување на пропси,што „странскиот бизнисмен“ ги барал за да инвестира,но и да снимат колку тој бара за своите услуги.

– Не наплатувам многу за вакви работи.Нормалната цена е 500 фунти за половина час,односно илјда фунти на ден, рекол пратеникот,што прикриените репортери го снимиле,обезбедувајќи доказ за неговата нечесност и за повредата на парламентарните прописи. Во договор со „лобистите“ Мерсер примил четири илјади фунти,кои подоцна би требало да му носат 24 илјади фунти годишен приход.

За оваа надокнада,тој до парламентарните служби веќе поднел пет пратенички прашања и покренал иницијатива во Парламентот,барајќи од колеги во другите партии застаени во Долниот дом,да ја подржат неговата иницијатива,што требало да му служи на лаќниот и непостоечки бизнисмен од далечниот пацифички остров Фиџи.

Патрик Мерсер кој важеше за угледен пратеник на владеачката партија на премиерот Дејвид Камерон,не е првата жртва на ваквите новинарски истраги во британскиот Парламент.

Пред него десетина други пратеници и членови на Горниот дом беа „уловени“ како за пари ги нудат своите политички услуги и врски,па мораа да подесат оставки. Во Велика Британија,на пратениците и лордовите не им е дозволено да лобираат во Парламентот за интересите на разни бизнис групи,или поединци.

Во британската јавност,лобирањето и земањето пари за тоа,се смета како политичка корупција. Британските пратеници имаат годишна плата од околу 50 илјади фунти,како и низа други привилегии,па се смета дека тоа е доволно за обавување на нивната пратеничка функција.Парламентот во Лондон веќе најави дека по мајските евроизбори,ќе се одржат вонредни избори во изборната единица на, сега бившиот пратеник Мерсер,за негов наследник.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он