Британски пратеници бараат забрана за продавање оружје на Саудиска Арабија

Од:

Британски пратеници побараа од Владата во Лондон да го забрани продавањето оружје за Саудиска Арабија, додека оваа земја војува во Јемен против тамошните шиитски бунтовници.

Комисијата за контрола во извозот на оружје на британскиот Парламент соопшти дека британското оружје Саудиска Арабија го користи за кршење на меѓународните закони за хуманитарни и човекови права.

Владата на премиерката Тереза Меј тврди дека добила уверување од властите во Ријад, за почитување на меѓународните норми, но пратениците од Комисијата велат дека станува збор за недоволни и слаби ветувања.

Британската Влада се повеќе се соочува со притисокот да реагира против Саудиска Арабија, која се обвинува за кршење на меѓународните норми, давајќи им поддршка на јеменската Влада која е протерана од Сана и на локалните сунити, во војната со шиитите.

Министерот за надворешни работи Борис Џонсон, меѓутоа, ја брани продажбата на оружје на Саудиска Арабија, иако тоа се користи против бунтовниците во Јемен.

Џонсон изјави дека продажбата на оружје за властите во Ријад ќе продолжи.

Саудиска Арбија ја предводи арапската, сунитска коалиција во војната против бунтовниците, настојувајќи да го скрши нивниот отпор и да обезбеди враќање на сунитската Влада во Сана.

Саудиски авиони секојдневно учествуваат во бомбардирањето на позициите на бунтовниците, но и на делови на северен Јемен, при што најчесто страдаат цивили.

Во Ријад тврдат дека зад бунтовниците стои Иран и обидот на Техеран да го рашири своето влијание во регионот.

Би можело да ве интересира

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он