Британски полковник: Ако Русите употребат хемиско оружје, играта е завршена

Од:

Поранешниот командант на ОН, полковник Боб Стјуарт, во разговор за Sky News изјавил дека моралот на руските војници изгледа ужасен, но дека тие имаат огромна сила на своја страна.

„Недостигот на морал беше една од причините зошто генералите на руската армија можеби мораа да дојдат на линијата на фронтот. Можеби затоа што нормалните војници велат – ние не сакаме да го правиме тоа“, рече Стјуарт.

„Ако Русите употребат хемиско оружје, на некој начин, тоа ќе биде game over во одбраната на украинските градови, бидејќи користењето хлор во нападите е ужасно. На Русија никогаш не треба да и се прости што го направи ова, не треба да ѝ се прости за она што го направија во Сирија во Алепо. И тие не смеат да го направат тоа сега“, рече Стјуарт.

Тој ги пофали Украинците кои ги бранат своите домови, велејќи дека нивниот успех не може да се припише само на професионалните војници на кои во обуката им помогнале британските војници.

Тој рече дека доброволците кои се приклучиле во текот на изминатиот месец – наставници, адвокати и други кои никогаш претходно не биле во војска – донеле нови начини на размислување, а тоа е од корист за борбената способност на Украина.

„Тие ја бранат сопствената земја и нивниот морал е многу висок. Наполеон го нарече моралот свет пламен. Тоа е нешто што е поважно од се додека го браниш своето. Украинците ги изненадија сите со својата борбеност. Боже мој, какви неверојатни луѓе мора да се овие Украинци!“, рече тој.

Прашан дали мисли дека Путин ќе престане, тој рече: „Не верував дека ќе оди подалеку од Луганск, Доњецк или Крим, но Путин отиде многу подалеку отколку што мислевме дека ќе оди“.

„Навистина мислам дека тој веројатно веќе премногу „загриза“. Руската војска е во опасна позиција поради недостаток на борбени залихи, па дури и нешто како бензин“, вели Стјуарт.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков