Британски новинар се изјасни за виновен за хакирање телефони

Од:

Новинар во британскиот таблоид „Сандеј мирор“, Греам Џонсон, се изјасни за виновен во врска со хакирање гласовна пошта, со цел медиумска сензација.

Џонсон ја призна вината, а пресудата ќе биде донесена на 27 ноември. Четириесет и шестгодишниот маж и се предаде на полицијата, откако разбрал за апсењата на негови колеги по слични обвиненија.

Тој појасни дека бил научен да хакира гласовна пошта од лице на висока позиција и оти ја користел техниката во 2001 година. Џонсон изјави пред судот дека „не знаел оти хакирањето е незаконско“, кога тоа го сторил.

Скандалот за хакирање телефони во Велика Британија доведе до затворање на таблоидот „Њуз оф д ворлд“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он