Британски научници тврдат дека откриле организми од вселената во земјината атмосфера

Од:

 Британски научници тврдат дека откриле организми од вселената во Земјината атмосфера.

Мали организми откриле научници од Универзитетот Шефилд и Бакингем на истражувачки балон испратен 27 км. во висина за време на метеорски дожд Персеиди во минатиот месец. Балонот бил пуштен на 31 јули над Честер.

Микроскопски живот е откриен откако балонот е спуштен назад во Вејквилд, западен Јоркшир.

Според Телеграф, научниците откриле делови од едноклеточна силикатна алга. Тие тврдат дека тоа е прв доказ дека животот стигнал на Земјата од вселената, можеби преку метеорит.

Научниците тврдат дека примероците не можеле да бидат пренесени од Земјината површина во стратосферата која се протега до 50 км.

– Наш заклучок е дека животот постојано доаѓа на Земјата од вселената дека животот не е ограничен на нашата планета и дека речуиси сигурно, не потекнал на неа, истакнува професорот Милтон Вејнврајт, шеф на тимот.

– Ако животот постојано доаѓа од вселената, тогаш мора во целост да ги измениме нашите погледи на биологијата и еволуцијата. Ќе мора да напишеме нови учебници, вели тој.

Во следниот месец тој тим повторно ќе испрати балони за време на метеорски дожд поврзан со Халеевата комета.

Професорот се надева дека тестовите на организмите што ќе бидат пронајдени ќе помогнат да се открие од каде потекнуваат.

– Ако односот на одредени изотопи даде една цифра, тогаш наштите организми се од Земјата, ако се прикаже друга цифра – тогаш се од вселената. Притисокот ќе биде очигледно неиздржлив, смета Вејнврајт.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он