Британски медиуми: Бунтовниците и Москва стекнаа „тактичка предност“ со договорот „Минск 2“

Од:

Проруските бунтовници и Москва стекнаа „тактичка предност“ со договорот „Минск 2“ за кој се согласија лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија, коментираат британските медиуми.

Бунтовниците ќе мора да се повлечат од линијата на прекинот на огнот, одбележана во септември 2014 година со првиот договор од Минск, а украинските сили да ги напуштат позициите што ги имаат запоседнато по борбите во изминатите неколку недели пред „Минск 2“, но сепаратистичките бунтовници, а преку нив и Русија, со новиот договор обезбедуваат посилни позиции во натамошниот процес на дејствување.

Укринскиот претседател Петро Порошенко призна дека не биле остварени сите работи за кои тој се залагал, а пред се, веднаш прекин на огнот, а не на полноќ, меѓу сабота и недела. Тој откри дека барал во договорот да се внесе дека е потребно „сите странски трупи“ да се повлечат од источните делови на Украина, но дека тоа не поминало, затоа што ќе значеше признание на Москва оти нејзини војници и руско оружје има на таа територија.

Најголемото украинско нездоволство е што Киев не го доби правото веднаш да ја преземе контролата на својата источна граница кон Русија,како што го бараше пред последниот самит во Минск, туку се прифати компромисното решение, таквата операција да се одложи до крајот на оваа година и по исполнувањето на условите што ги доби владата во Киев.

Станува збор за изработка на нов украински Устав, кој на Доњецк и Луганск треба да им обезбеди „специјален статус“ со широки права и овластувања. Овие два региони ќе имаат сопствена полиција и свое судство, а самите ќе управуваат со прекуграничната трговија со Русија.

Во договорот „Минск 2“ нема ништо од автономијата што ја бараа сепаратистичките лидери, воопшто не се споменуваат самопрогласените „народни републики“ и барањето за „лабава федерација“ што значи дека Украина (одново) има суверенитет и врз овој дел од земјата.

Медиумите во Лондон забележуваат дека тоа не значи и победа, иако Москва сега бара од овие два „воинствени“ региони да се реинтегрираат во Украина, поврзувајќи се економски,финансиски и социјално со Киев.

Резервите околу тоа кој поминал подобро, постојат затоа што се верува дека ваквата разврска, по 17 часовните преговори во Минск, и обезбедуваат предност на Русија. Доколку се оди како што треба, Москва и понатаму ќе може да биде присутна во украинската политика и да се „меша“ во внатрешните состојби, посебно кога станува збор за некои стратешки прашања,преку „своите“ во Источна Украина иако формално, семјата останува како и досега унитарно уредена.

Она што сега се очекува на Западот, не е само прашањето на исполнувањето на роковите,предвидени со „Минск 2„ туку и исходот од новите избори (во источните реони на Украина), што треба да се одржат според украинските изборни закони. Прашање е дали на овие избори, гласачите ќе се определат за своите сегашни „воинствени“ лидери или ќе се определат за други, кои не би биле врзани за Москва, констатираат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Минск: Украински проектил падна на белоруска територија

А1он

Минск: Западот сака да отвори втор фронт

Протест во Минск, уапсени десетици луѓе

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 30 лекари уапсени на протест во Минск

А1он

Во Минск судири помеѓу полицијата и демонстрантите, приведени и новинари

А1он