Британски генерал: Не можеме да се одбраниме од Русите

Од:

Вооружените сили на Велика Британија не би биле во состојба да ја одбраната земјата од сериозен воен напад, бидејќи се ослабнати поради намалувањето на воениот буџет, предупреди поранешниот шеф на британскиот Генералштаб, пишува денеска „Фајненшл тајмс“.

Генералот Ричард Баронс во меморандумот, на 10 страници, кој во април, пред да замине во пензија го упати кон министерот за одбрана Мајл Фелон, истакнува дека не постои план за одбрана на земјата од конвенционални напади, која би била поразена во случај на концентрирана руска воздушна кампања.

– Способноста која е во темелот на сите вооружени сили, е ослабната со самиот процес на планирање, наведе Баронс во приватниот меморандум во кој „Фајненшл тајмс“ имал увид.

Британската Влада минатата година се обврза дека ќе ги исполни обврските кон НАТО дека до крајот на деценијата ќе троши по два проценти од БДП на одбраната и ветувањето дека ќе ги зголеми воените трошоци за 12 милијарди фунти, на 178 милијарди во наредната деценија.

Кратењето на воените трошоци од 2010 година, поради намалување на рекордниот буџетски дефицит, доведе, до намалуѕвање на бројот на припадниците на британските вооружени сили за една шестина, а на граѓанските лица на служба во армијата за 30 отсто.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он