Британски авиокомпании ќе ги обжалат владините мерки за карантин

Од:

Авиокомпаниите Бритиш ервејс, ИзиЏет и Рајанер покренаа оценка на законитоста на дел од мерките на британската Влада против ширењето на коронавирусот, со барање да се спроведе судска ревизија.

Авиокомпаниите оваа недела веќе најавија дека ќе се обидат да го оспорат правилото кое пропишува задолжителен 14-дневен карантин за патниците кои доаѓаат од странство, за кое веруваат дека ќе ги одврати туристите од патување и ќе ги зголеми понатамошните загуби на компаниите, кои ќе бидат принудени да отпуштаат работници.

Адвокатите на авиопревозниците велат дека Владата ќе мора да изнесе научни докази за да ја поддржи потребата за карантин, доколку се спроведе судска ревизија..

Правилото за 14-дневен карантин по влегувањето во Велика Британија стапи во сила во понеделникот.

Авиокомпаниите, исто така, ја отфрлаат опцијата за „воздушни коридори“, кои би се воспоставувале со билатерални договори меѓу земји со ниска стапка на заразени.

Би можело да ве интересира

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи

Катерина Ѓуровски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин