Британската Влада призна дека „легално надгледувала“ комуникации на интернет

Од:

Британската влада за првпат призна дека ги надгледува комуникациите на социјалните мрежи и електронската пошта,откако високиот функционер во безбедносните агенции,Чарлс Фар откри дека трагањето по Гугл и Јутјуб,комуникацијата преку Фејсбук и Твитер,како и примањето и испраќањето мејлови до,или од небритански државјани,во странство, е редовно следено.

Фар вели дека станува збор за „легално покриена операција„ затоа што надгледувањето се вршело врз „надворешна комуникација“.

Според овој висок државен функционер,контролата врз интернет комуникациите е „неопходно за државната безбедност“.

Признанието на безбедносните агенции дека луѓето се „легитимни цели„ за надгледување и контрола, без судски налог,предизвика бурна реакција во лондонските медиуми и кај пратениците во британскиот Парламент.

Пролабуристичкиот „Гардијан“ вели дека интерпретацијата на правото,што ја даваат Фар и разузнавачките агенции им овозможува на безнедносните служби масовно да го контролираат животот на луѓето и нивната приватност,правејќи преседан и во праната практика. Весникот посочува дека за да влезе полицијата во домот на луѓето,е потребен судски налог,а тој треба да постои и при полициското сослушување,но се покажа дека налог на судот или на некој друг правосуден орган не е потребен за да безбедносните власти слободно влегуваат во интернетот и да ја гледаат и читаат нивната комуникација.

„Дејли Мирор“ забележува дека признанието на Чарлс Фар само го потврдува сомневањето на многу активисти на камапањата за заштита на приватноста,за тоа дека луѓето не се сами кога трагаат по Гугл и пишуваат на интернет.Овој весник,не го прифаќа оправдувањето за „легалноста“ што е дадена,како и објаснувањето за високите цели за кои сето ова се прави.

Комуникациски експерти во „Тајмс“ сметаат дека „законски дозволеното“’ душкање по интернет ја опфака не само комуникацијата на „небританците„ кон странство,туку и на сите другите,затоа што Гугл и социјалните мрежи се силно развиени и многу раширени низ САД и Европа.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он