Британската Влада обвинета за „поделба на општеството“

Од:

Доскорешниот британски министер за труд и пензии, Иан Данкан Смит ја обвини Владата на премиерот Дејвид Камерон за предизвикување „поделба во општеството“.

Во интервју за Би-Би-Си, тој остро ја критикуваше, како што рече „очајничката потрага по штедењето“ во буџетот, бранејќи ги притоа оние луѓе во Велика Британија, кои не гласаат за сега владеачката партија во земјата.

Данкан Смит, кој е поранешен лидер на Конзервативната партија и долго време важеше за лојален сојузник на Камерон, во петокот неочекувано поднесе оставка на функцијата, на која се наоѓаше од мај 2010 година.

Во интервјуто тој потврди дека поднел оставка незадоволен од скратувањето на социјалните бенифиции за хендикепираните лица предвидено со новиот буџет и откри дека пред да бидат обелодените новите позиции на буџетот, врз него бил вршен „силен притисок“ да го прифати кратењето на фондовите.

– Владата на ториевците ќе мора да се врати на позициите, да биде партија која води грижи не само за своите глсачаи, туку и за оние кои не гласаат за конзервативците, вели овој доскорешен министер за Би-Би-Си.

Данкан Смит тврди дека не станува збор за „личен напад“ против министерот за финансии Џорџ Озборн, но лондонските медиуми забележуваат дека станува збор за „исклучително остар напад“ врз Владата и нејзиниот премиер, што може да го стави Камерон во исклучително тешка ситуација внатре во партијата, која и онака е поделена околу ЕУ и референдумот за иднините британско-европските односи.

Иан Данкан Смит со својата критика на политиката на буџетското скратување ја напаѓа основата на политиката врз која ториевците управуваат со земјата.

Ова е првпат тој да изрази јавно несогласување со скратувањата на буџетските фондови во секторот на социјална заштита и на социјалните бенифиции, што се практикува повеќе од пет години.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он