Британската полиција уапси 660 лица, осомничени за педофилија

Од:

Британската полиција уапси 660 лица, осомничени за педофилија, меѓу кои има наставници, лекари и социјални работници.

Апсењата се извршени во рамки на шестмесечната операција, која е без преседан во земјата, соопшти Националната агенција за борба против криминалот.

Операцијата беше насочена кон луѓе, кои гледале недолични снимки со деца на Интернет. Некои од уапсените ќе бидат обвинети за сексуална злоупотреба.

Операцијата била извршена од 46 полициски екипи во целата земја и помогнала во заштитата на 431 дете, кои биле следени на педофилската група.

Уапсените се на возраст од 30 до 50 години. Од 660-те уапсени лица, 39 веќе и се познати на полицијата поради злосторства од сексуален карактер.

Во текот на операцијата се претресени 833 објекти и се проверени над 9.100 компјутери, телефони и хардискови.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он