Британската опозиција бара министрите да објават како и кому плаќале данок

Од:

Британската опозиција го интензивира притисокот за широка истрага околу врските на домашните политичари со разни оф-шор компании за прикривање данок, по откритието дека премиерот Дејвид Камерон, пред да ја преземе функцијата, бил акционер во оф-шор фирмата на неговиот покоен татко.

Притисокот на опозицијата доаѓа по вчерашното обелоденување на даночните исплати на Камерон за периодот од 2009 до 2015 гоина, иако тој претходно објави дека неколку месеци пред да стане премиер ги продал сите акции и на заработувачката од таа трансакција платил данок.

Објавувањето на даночните исплати на еден британски премиер е прв таков случај во политичката историја на Велика Британија.

Опозициските партии, сепак, сметаат дека тоа не е доволно и дека Владата, а посебно премиерот Камерон, ке мора да го информираат Парламентот за сите свои врски и исплати од оф-шор компанијата на татко му, регистрирана Британските Девствени Острови и да објасни зашто ги криел сите овие сознанија, кои се појавија по откривањето на „Панамските документи“, и не ја известил домашната јавност и британските гласачи за тоа „кога било потребно“ .

Лидерот на лабуристите Џереми Корбин изјави денеска дека тој самиот ќе ги објави своите даночни исплати, а тоа го најави и лидерот на партијата Либерални демократите Тим Фарон. Лидерот на антиевропската Партија на независноста на Обединетото кралство (УКИП) Најџел Фараж. порача дека тој нема намера да го следи примерот на другите две опозициски партии.

Даунинг стрит 10 соопшти дека нема да се притискаат министрите да го следат Камерон во објавувањето на даночните плаќања, туку дека ќе биде оставено тие самите да одлучат како ќе постапат.

Лондонсите медиуми најавуваат дека министерот за финансии Џорџ Озборн најверојатно ќе ги објави своте даночни исплати, како и олеснувањата на кои се повикувал при плаќањето данок, иако Министерството за финансии тврди дека тој „никогаш немал никакви врски„ со некоја оф-шор компанија“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он