Британската евроскептична партија УКИП во „мртва трка“ со Лабуристите за евроизборите

Од:

Британската евроскептична Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП) води „мртва трка“ со Лабуристичката партија,пред претстојните избори за европскиот Парламент,што во Велика Британија ќе се одржат на почетокот од мај.

Истражувањето што го изврши агенцијата Југав,меѓу 11 и 22 април,покажува дека доколку сега би се одржале евроизборите,лабуристите би освоиле 30,а кандидатите на УКИП, 29 отсто од гласовите на луѓето во Англија.

На трето место се конзервативците на премиерот Дејвид Камерон кои би освоиле најмногу 22 отсто и на тој начин,за прв пат,на овие избори би биле потиснати на третата позиција меѓу главните британски партии.

За разлика од Англија,рејтингот на УКИП во Шкотска е зналително помал и таму за оваа партија би гласале 10 отсто од Шкотланѓаните,додека во Велс таа би освоила 20 отсто.Во сите овие испитувања на расположението на гласачите,Либералдемократската партија има најнизок рејтинг,во споредба со другите главни партии. Истражувањето на Југав открива дека УКИП е најсилен и има најголема подршка меѓу оние гласачи во Англија кои инсистираат дека се Англичани,а не Британци.

Според британски изборни експерти,оваа најевроскептична партија во Велика Британија,се наоѓа пред својот досега најголем изборен успех кога се очекува на британско ниво да освои дури 20 отсто од гласовите. Податоците на Југав доаѓаат во време на обидите за организирање посилна анти УКИП кампања,зад која би застанале сите главни политички партии.

Постигната е меѓупартиска согласност УКИП да се оквалификува како расистичка партија поради нејзината жестока антиимиграциона кампања. Британските лабурсти тврдат дека нема веќе никаква разлика меѓу отворената расистичка кампања на крајнодесничарската партија БНП која бара изгонување на сите Африканци и Азијати од Велика Британија и УКИП,која води „речиси идентична кампања“ само што таа е насочена против имигрантите од ЕУ.

Медиумите на левицата и на британските либерали веќе ја нарекуваат кампањата на УКИП и на нејзиниот лидер Најџел Фараж како „еврошизам“.

Здружувањето против „расистичкиот антиевропеизам„ на, во домашни рамки,маргиналната УКИП, која нема ниту еден пратеник во британскиот Парламент,се случува во време на загриженост во ЕУ од засилувањето на позициите на евроскептиците во Унијата. Анализата на тинк-танк организацијата „Оупен Јуроп“ открива дека евроскептичните партии,како УКИП, на мајските евроизбори може да освојат дури 30 отсто од гласовите земјите на ЕУ и да ибезбедат 218, од вкупно 751 места во европскит Парламент во Стразбур.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он