Британката ги изгладнувала децата, ги бањала со врела вода и ги хранела со сапун, сега оди во затвор

Од:

Шерил Пиклс (35) која си ги малтретираше деца со својот партнер Ендру Хадвин, денеска е осудена на 15 години затвор. Хадвин беше пронајден мртов во затворска ќелија додека ја чекаше пресудата. Неговата смрт се уште е под истрага.

Децата на Пиклс и Хадвин биле толку гладни што пешачеле повеќе од шест километри за да пребаруваат низ корпите од супермаркетите во четири часот наутро. Кога го пријавиле злоставувањето на доверливо возрасно лице и случајот дошол во полиција, Хадвин и Пиклс ги фатила паника, ги фалсификувале писмата и рекле дека нивните деца ги напишале, пишува Дејли мејл.

„Жал ни е, лажевме“, пишувало во писмата. Експерт за ракопис подоцна утврдија дека писмата се лажни, односно дека не се работи за детски ракопис. Полицијата започна истрага во 2018 година по пријава за можна злоупотреба. Истрагата траеше четири години, во текот на која детективите испрашале повеќе од 150 сведоци.

Откриле дека Хадвин и Пиклс ги принудувале децата да јадат сапун и да се тушираат со врела вода, ги затворале во плакари, ги тепале и изгладнувале. Знаеле и како да ги потопат во вода.

Знаеле да нарачаат храна и потоа да ги натераат децата да ги гледаат како јадат. Тие беа прогласени за виновни за повеќекратни прекршоци за занемарување на деца. Хадвин беше обвинет и за три точки за силување на малолетничка.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година