Британија свика состанок на Советот за безбедност на ОН

Од:

Велика Британија, која овој месец претседава со Советот за безбедност на ОН, за утре свика состанок на Советот за безбедност. Главна тема на разговорите ќе бидат податоците за масакрите што ги изврши руската армија во Украина.

Тоа на Твитер го објави постојаната британска претставничка во ОН, Барбара Вудворд.

– Изминатиот викенд, во застрашувачки снимки и извештаи од Буча, видовме застрелани невооружени украински цивили со рацете врзани зад грб. Повеќе од 800 тела се оставени на улиците или фрлени во масовни гробници. Жените беа силувани пред очите на нивните деца, вели таа во специјалната видео изјава.

– Го користиме нашето претседавање со Советот за да гарантираме транспарентност, одговорност и правичност, додаде Вудворд.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ