Британија со рекорден број новозаразени, Џонсон го повика населението да прими засилувачка доза вакцина

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска повика на вакцинирање со засилувачка доза, во моменти кога омикрон варијантата на коронавирусот се повеќе се шири.

Велика Британија известува за рекорден број дневни случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, при што денеска се евидентирани дури 78.610 нови случаи. Најголем број пријавени случаи во еден ден досега имаше на 8 јануари, 68.053, јавува Би-Би-Си.

Британија неодамна воведе задолжителни маски во повеќето затворени простори и ковид сертификати за големи настани во Англија за да се намали ширењето на омикрон варијантата.

– Секој возрасен во Британија од денеска може да се вакцинира со засилуваќка доза. Апсолутно е важно луѓето сега да се вакцинираат со бустер доза бидејќи Велика Британија бележи рекорден број на нови случаи, рече Џонсон на прес конференцијата, на која учествуваа и шефот на англиското јавно здравство проф. Крис Вити и д-р Ники Канани, директорка на примарна грижа за НХС.

– Стапката со која се удвојува омикрон во некои региони сега е намалена на помалку од два дена, истакна Џонсон и додаде дека хоспитализациите се зголемиле за 10 отсто на државно ниво и за речиси една третина во Лондон.

Вити, од своја страна, рече дека во Велика Британија има „многу голем пораст“ на случаи и дека во следните недели ќе има нов рекорд на новозаразени.

Тој истакна дека варијантите делта и омикрон предизвикуваат две „засебни“ епидемии. Тој потенцира дека ширењето на омикрон варијантата не значи дека делта сојот исчезнал. Повеќето новозаразени луѓе во Лондон се заразени со омикрон, додаде тој, посочувајќи дека очекува повеќето од хоспитализираните во наредните недели да бидат заразени со омикрон.

Вити додаде дека бројот на смртни случаи благо се намалува, но дека тоа не важи за омикрон бидејќи таа варијанта самошто пристигнала во Британија.

– Вакцините обезбедуваат огромна количина на заштита од делта варијантата, но тие се „помалку усогласени“ со омикрон, рече Вити, додавајќи дека со брзо темпо се работи на нивно усогласување.

Обајцата рекоа дека веројатно овој Божик ќе биде подобар од претходниот, но потенцираа дека е потребно да се ограничи бројот на луѓе со кои се доаѓа во контакт. – Добро размислете пред да отидете на некоја забава, порача Џонсон.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца