Британија: Русија да го објаснат инцидентот со воените авиони

Од:

Британија го повика рускиот амбасадор во Лондон да го објасни инцидентот, откако руски воени авиони се забележани во близина на британскиот воздушен простор.

Во соопштението се наведува дека маневрите се дел од зајакнато присуство на руски летала надвор од подрачјата за нивни операции.

-Иако руските авиони не влегоа во суверениот воздушен простор на Обединетото кралство и времето го поминаа во придружба на авионот РАФ на (Кралските воздухопловни сили), тие беа на подрачје на Велика Британија – се наведува во соопштението.

Руските авиони во среда биле забележани над Ламанш, јужно од Велика Британија, по што британски ловци од типот „тајфун“ полетаа од две бази во Велика Британија и Шкотска.

Британското министерство за одбрана соопшти дека странува збор за бомбардери „тупољев Ту-95“ познати по НАТО класификација како руски „мечки“.

Инаку НАТО во тек на минатата година повеќе од 100 пати пресретна руски авиони, што е три пати повеќе во однос на 2013 година и тоа во момент на засилување на тензиите помеѓу Запад и Москва поради украинската криза.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски