Британија ќе прифати деца на мигранти од кампот во Кале

Од:

Велика Британија во рок од неколку дена ќе почне да прифаќа стотици деца на мигранти од кампот во Кале, на француската страна од протокот Ла Манш, соопшти Владата во Лондон.

Британската министерка за внатрешни работи Амбер Руд изјави пред пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент дека Владата ќе дејствува итно и ќе ги прифати децата на мигрантите кои имаат роднини во Британија, објаснувајќи дека очекуваат од француските власти да достават листа со малолетните мигранти кои Британија може да ги прими.

– Веруваме дека Французите оваа недела ќе ни достават листа и ние итно, за неколку дена, ќе дејствуваме, со цел да го исполниме ветувањето, нагласи Руд по средбата со францускиот колега Бернар Казнев.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он