Британија ќе почне да ја разгледува можноста дека нема да постигне договор со ЕУ

Од:

Велика Британија ја разгледува можноста за напуштање на ЕУ без претходно да се постигне договор со Брисел за регулирање на нејзините взаемни односи со Унијата, изјави портпарол на Владата на денешниот брифинг за новинарите.

Британската Влада ќе почне да го разгледува ова прашање на редовните состаноци што ги одржува секој вторник, на кои се дискутира за Брегзит, односно излегувањето од ЕУ.

Досега состаноците се одвивале под претпоставка дека Брисел и Лондон сепак на крајот ќе успеат да постигнат договор за трговските односи, правата на иселениците и други горливи прашања како што е плаќањето надомест на Унијата.

Но, по слабиот напредок во досегашниот тек на преговорите, министерот задолжен за Брегзит, Дејвид Дејвис ќе води состаноци со земање предвид на сите можни сценарија, вклучително и напуштање на ЕУ без договор.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он