Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Од:

Британскиот министер за одбрана Џон Хили го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека Велика Британија ќе преземе силни мерки за да се заштити откако наводниот руски шпионски брод се врати во британските води.

Хили им кажа на пратениците дека Кралската морнарица го надгледува рускиот брод откако на почетокот на оваа недела влезе во британските води, објави Би-Би-Си.

„Ги сменив правилата за ангажман на Кралската морнарица за нашите воени бродови да можат да се доближат и подобро да го надгледуваат бродот „Јантар“. Досега бродот ги почитуваше меѓународните правила за навигација“, посочи Хили.

Тој рече дека рускиот брод Јантар се користи за собирање разузнавачки информации и мапирање на критичната подводна инфраструктура на Британија и во моментов се наоѓа во Северното Море, откако поминал низ британските води откако бил забележан во Ла Манш во понеделникот, втор пат во последните неколку месеци.

Хели рече дека Кралските воздухопловни сили ќе обезбедат авиони за набљудување за да се приклучат на распоредувањето на НАТО за заштита на критичната инфраструктура во Балтичкото Море.

Ова доаѓа откако во декември беше оштетен подводниот кабел меѓу Естонија и Финска, а финската полиција истражува дали во инцидентот учествувал руски брод.

Русија го опишува Јантар како брод за истражување на океанот и со него управува руското Министерство за одбрана.

Западните земји се сомневаат дека дел од мисијата на бродот „Јантар“ е мапирањето на подморските кабли.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Фондациите на Елтон Џон се додадени на листата на непожелни организации во Русија

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

Мајка со секира си ги уби трите деца

А1он