Британија ќе ги зголеми средствата за разузнавање и безбедност на авијацијата

Од:

Британската Влада донесе одлука во следните пет години значително да ги зголеми трошоците за борбата против тероризмот и гарантирање на авиобезбедноста, соопшти премиерскиот кабинет на Даунинг стрит.

– Новото финансирање ќе биде насочено кон безбедносните служби и разузнавањето за вработување на дополнителни 1.900 службеници, се наведува во соопштението.

Тоа ќе претставува зголемување од 15 проценти во контраразузнавањето МИ-5, надворешното разузнавање МИ-6 и електронското разузнавање „Центар за владини комуникации“.

Владата усвои одлука и двојно да ги зголеми трошоците за безбедност на воздухопловството по несреќата на рускиот авион во Египет минатиот месец, која според Велика Британија е последица на поставена бомба во леталото.

Моментно Британија за безбедноста на авијацијата годишно одвојува девет милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он