Британија го забрани присуството на руска делегација на меѓународен аеромитинг

Од:

Велика Британија не и дозволи на руската делегација да присуствува на аеромитингот во Фарнборо поради кризата во Украина, што предизвика остри реакции од Москва.

Руската амбасада во Лондон изрази „жалење“ поради тоа што Британија не им одобрила визи на поголем дел од нејзината делегација и побара итно образложение.

Меѓународниот аеромитинг во Фарнборо е важен настан во областа на авијацијата и Русија тука обично испраќа голем контингент со намера да склучи зделки.

Форин офисот соопшти дека им испраќа покана на претставници на странски влади да присуствуваат на аеромитингот како гости на британската Влада, иако тоа е комерцијален настан.

– Поради постапките на Русија во Украина, ниту еден претставник од руската Влада не доби покана за годинешниот аеромитинг, се наведува во соопштението.

Освен тоа, Лондон ја отстрани Русија од списокот на земји кои можат да купуваат британски авиони или опрема, со цел да ги спречи Русите во намерите да присуствуваат на аеромитингот. 

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он