Британија би можела да воведе патнички коридор кон крајот на јуни

Од:

Патничките коридори што ќе овозможат неограничено движење меѓу Велика Британија и некои други земји ќе бидат отворени на 29 јуни, објави денеска британската група за лобирање за туризмот.

Велика Британија вчера воведе 14-дневен карантин за оние кои доаѓаат од странство, и покрај предупредувањата од авиокомпаниите, пристаништата и други дека тоа може да доведе до уште повеќе загуби на работни места токму кога се надеваа дека ќе започнат да закрепнуваат од Ковид-19.

Лоби групата Quash Quarantine, која претставува 500 патнички и угостителски компании, денеска соопшти дека е „приватно потврдено“ дека патничките коридори, што ќе овозможат патување без 14-дневен карантин, ќе бидат воведени кон крајот на јуни.

Некои министри изјавија дека размислуваат за патнички коридори или таканаречени „воздушни мостови“ со земји кои имаат низок степен на зараза, но досега нема формални договори.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он