Британец осуден на доживотен затвор поради планирање терористички напад во Лондон

Од:

Приврзаник на Исламската држава, кој планирал да убие 100 луѓе во спектакуларен терористички напад во Лондон, е осуден на доживотен затвор. Во првите 15 години нема да има право да бара условно ослободување, пренесуваат британските медиуми.

Осудениот 27-годишниот Луис Ладлоу претходно се изјаснил за виновен за подготовка на терористички напад и собирање средства за Исламската држава. Полицијата ги пронашла искинатите планови за напад во канта за отпадоци.

Обвинителите тврдат дека Ладлоу напишал оти Оксфорд стрит е идеална цел бидејќи може да се убијат речиси 100 луѓе. Ладлоу имал и список на потенцијални цели, меѓу кои биле и музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“, катедралата на свети Павле и шиитскиот храм во источен Лондон.

Тој планирал да замине на Филипините, а на „Фејсбук“ направил страница преку која собирал пари за екстремистите на Филипини.

Ладлоу е уапсен во 2018 година и обвинет за планирање напади. Тој пред судот рекол дека еден екстремист од Филипините го присилил да го изведе нападот. Но, судот навел дека неговата посветеност на насилниот екстремизам е многу длабока и го осудил на доживотна казна.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

(ВИДЕО) Со возило прегази осуммина пешаци – можен терористички напад во Израел

А1он

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег