Британците поделени околу објавувањето на писмата на принцот Чарлс

Од:

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, предизвика бранување во домашната јавност.поради писмата што тој ги има испраќано до владините институци, откако по десет години правна битка, конечно, ќе им бидат достапни на Британците.

Станува збор за 27 писма, низ допишувањето на принцот со министри во владата, во периодот меѓу 2004 и 2005 година.

Во нив има лични гледања и ставови на Чарлс за одредени состојби во Велика Британија, но и позиции на принцот околу политиката, што се смета дека е во спротивност со уставната определба, според која кралицата и членовите на кралското семејство, не смеат да се мешаат во политиката.

Писмата се испраќани на адресите на седум британски министри во Вајтхол, седиштето на владината администрација во Лондон, во времето кога премиер беше Тони Блер.

Принцот пишувал за бизнисот и иновациите, за исхраната и за руралните средини во земјата, за здравствито, децата, семејството и образованитео, за културата, медиумите и спортот.
Во едно писмо, испратено до премиерот Блер, престолонаследникот Чарлс сугерира вложување дополнителни средства за британските војници во Ирак, за да можат да ја извршуваат својата мисија.

Поранешниот државен обвинител, Доминик Грив смета дека писмата не треба да се публикуваат, затоа што тие ги содржат личните ставови и погледи на принцот.Според Грив, објавувањето на писмата на Чарлс, може да влијае врз неговата политичка неутралност, а тоа да ја доведе во прашање неговата подготвеност за владеење со земјата, кога еден ден ќе се најде на британскиот престол.

Заменик премиерот, во времето кога писмата биле испраќани , Џон Прескот, кој и самиот има добиено две писма од принцот, не мисли така. Тој изјави дека решил да ги објави писмата, иако тие не се дел од преписката, содржана во 27 писма, за кои судот одлучи дека може да и се покажат на јавноста.

Прескот вели дека се одлучил на ваков чекор затоа што во нив нема ништо тајно, дека јавноста не треба да очекува никакви изненадувања, како и дека во писмата нема што да се сокрива.

„Примив две писма од принцот, додека бев во владата, но тие немаа никаков ефект врз било која владина политичка мерка„- рече Прескот, кој сега е член на Горниот дом и лорд во британскиот Парламент.

Ваквото објаснување на пораншениот заменик премиер, е блиска до мислењето на оние Британци кои сметаат дека треба да се види за што пишувал идниот крал, особено што тие не влијаеле врз курсот и позициите на владата, што значи дека немало мешање на монархојата и кралското семејство во политиката.

Со одлука на судот, содржината на писмата нема да биде целосно објавена, за да се заштитат податоците на луѓето кои во нив се споменуваат.

Службената канцеларија на престолонаследникот Чарлс реагираше со соопштение и во него вели дека во писмата се изнесуваат неговите лични ставови, за работи од општ интерес, за кои принцот порано има јавно зборувано.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он