Британци евакуирани од Либија

Од:

Со брод на британската морнарица синоќа беа евакуирани британски државјани од Либија поради влошување на безбедносната ситуација во таа држава, соопшти британското Министерство за одбрана.

– Бродот ХМС Ентерпрајз евакуираше 110 луѓе од Триполи, напиша на Твитер британскиот амбасадор во Либија, Мајкл Арон. Потегот според него, е преземен поради интензивирање на судирите во Либија.

– Судирите во Триполи се интензивирани. Повторно се погодени нафтени цистерни. Борби се водат во цивилни области. Обичните луѓе страдаат. Паравоени формации го уништуваат градот, напиша британскиот амбасадор на Твитер.

Во изминатите недели голем број држави ги повлекоа своите граѓани или побараа од нив да ја напуштат Либија поради судирите меѓу сопернички паравоени формации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски