Бриселскиот аеродром немал план за дејствување во случај на напад

Од:

Бриселскиот аеродром „Завентем“, кој беше цел на двоен самоубиствен напад на 22 март, немал план за дејствување во случај на терористички акции, се наведува во извештајот на Анкетната комисија на белгискиот Парламент задолжена за истрага за нападот и за работата на државните безбедносни служби.

Анкетната комисија својот извештај од истрагата го објави вчера, но денеска белгиските медиуми наведуваат дека документот содржи и дел со доверливи информации, кој не и бил претставен во јавноста.
Сознанието дека аеродромот немал план за дејствување во случај на напад е наведено во делот од извештајот кој ја носи ознаката „доверливо“ и кој не и е објавен во јавноста, додаваат медимите.

Во извештајот, чија конечна официјална веризја ќе биде објавена на 21 јули, се тврди дека за разлика од бриселското метро, аеродромот „Завентем“ имал план за реакција само во случај на кризни ситуации, како авионски несреќи. 

– За време на нападите на 22 март на аеродромот „Завентем“ дури немало ниту куче обучено за откривање бомби и експлозивни направи, се наведува во извештајот.

Членовите на комисијата препорачуваат аеродромот под итно да изработи нов план за дејствување, кој ќе опфати и можни терористички напади и други закани.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски

Нови детали за терористичкиот напад во Брисел

ВИДЕО: Терористот од Брисел е мртов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Терористот од Брисел застрелан во кафуле, не се знае дали преживеал

Катерина Ѓуровски