Брисел: Со водени топови на демонстрантите

Од:

Белгиската полиција денеска употреби водени топови против учесниците во демонстрациите против мерките за штедење, воведени од Владата.

Повеќе десетици илјади демонстранти протестираа на улиците на Брисел против мерките на штедење на либералната Влада на премиерот Чарлс Мичел.

Полицијата процени дека околу 80.000 лица се собрале во центарот на Брисел, додека заедничкиот синдикален фронт, организатор на собирот, тврди дека биле над 100.000 лица.

Откако демонстрантите почнале да палат контејнери и да фрлаат со камења кон полицијата, безбедносните сили употребиле воден топ и солзавец. Во протестите повреден е еден полицаец, а тројца демонстранти се приведени.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски