Брисел прашува зошто Москва нуди милиони дози, а вакцинацијата во Русија не напредува

Од:

На новинарско прашање зошто нема одобрување на руската вакцина Спутник V на европскиот пазар, челниците на Европската комисија наведоа неколку фактори, меѓу кои капацитетот на производство.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Русија сѐ уште воопшто не побарала авторизација за комерцијализација при Европската агенција за лекови и додаде дека за да аплицира, Русија треба и да ги поднесе сите потребни документи како што е случај за сите останати фармацевтски компании.

– Ние мораме да имаме пристап до местото на производство за инспекција, како што видовме е клучно да има стабилно и високо квалитетно производство, затоа е потребна инспекција на местото на производство, и сѐ уште се прашуваме зошто Русија нуди милиони дози на други земји, но не напредува со вакцинацијата на сопственото население, порача Фон дер Лајен.

Русија засега побарала само научно мислење од европските власти, но не и дозвола за комерцијализација.

За одлуката на Унгарија да ги одобри руската и кинеската вакцина иако тие не се дозволени на пазарот на ЕУ, еврокомесарката за здравство Стела Кириакидес порача дека секоја земја може да носи суверени одлуки, но дека треба да биде запознаена со одредени аспекти.

– Земјите членки имаат право да склучуваат договори со Русија и Кина на сопствена одговорност, но важноста на дозволата за комерцијализација значи дека постои процес на фармаковигиланца, тоа значи дека кога вакцината поминува низ процес на авторизација, ЕМА и индустријата ги следат сите случаи на нус ефекти. Секоја земја членка која употребува вакцини што не се авторизирани од страна на ЕМА ја нема оваа фармаковигиланца, потсети Кириакидес.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски