Брисел под закана за терористички дејствија поради „бурките“

Од:

Портокалов код или трет претпоследен степен на готовност за реакција е активиран во Брисел и регионот околу поради закана од дејствија на екстремисти или терористи.

Од службите јавуваат дека степенот на готовност засега е воведен за неодредено време.

Мерката е преземена како резултат на извештаите од структурата за анализа и координација на реакција при закани.

Законот за забрана на носење „бурки“ на јавни места предизвика нереди во имигрантскиот кварт „Моленбек“ во Брисел на 31 мај и 1 јуни.

Белгиските служби пресретнале претставници на меѓународното радикално движење „Шеријат за“ од Шпанија, Холандија, Велика Британија и Франција.

Заканата доаѓа поради фактот што овие групи одржуваат врски на Интернет, каде се распространуваат повици за насилен отпор на законите против исламот. Нивна цел е воведување на шеријатот во Европа.

Би можело да ве интересира

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Пукање на метро станица во Брисел, неколку линии запрени

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Немири во Брисел, уапсени 159 лица