Брисел под опсада по нападите

Од:

Брисел е под опсада по терористичките напади во кои загина најмалку 31 лице, а ранети беа 230.

Полициската потрага по третиот напаѓач, за кој се верува дека е во бегство почна набргу по првиот напад, кој се случи на бриселскиот аеродром. Бриселската полиција влегува во куќи во потрага за осомничените.

Белгиските власти се во потрага по третиот осомничен за вчерашните напади, а се верува дека двајца од напаѓачите се разнеле за време на нападот на аеродромот Завентем.

Белгискиот државен обвинител соопшти синоќа дека третиот напаѓач е во бегство, оценувајќи дека се уште е рано нападите да се поврзат со нападите во Париз во ноември минатата година. По третиот напаѓач е издадена потерница.

Според весникот „Гардијан“ полицијата цела ноќ била во потрага по осомничени за нападот, а во текот на ноќта упаѓала во куќи на жители на Белгија.

Од аеродромот во Брисел се уште нема летови, а улиците околу метро станицата Малбек се затворени за сообраќај. Полицијата апелира граѓаните да ја избегнуваат таа област.

„Гардијан“ објави дека во тек е евакуација на аеродромот во францускиот град Тулуз.

Во Белгија денеска е првиот од трите дена жалост, кои ги прогласија властите поради вчерашната трагедија.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски