Брисел отвора истрага против гигантот „Амазон“

Од:

Европската комисија отвора формална истрага против онлајн платформата „Амазон“ поради прекршување на правилата за конкурентност на ЕУ.

Европските власти се сомневаат дека „Амазон“ ги злоупотребува податоците за продажбите на штета на помалите препродавачи кои ја користат оваа онлајн платформа, на пример преку детектирање на најпопуларните производи кај одредени профили на потрошувачи и корисници.

Како што објасни Европската комисија, „Амазон“ има двојна улога преку својата платформа: од една страна продава, а од друга им обезбедува место на помали независни продавачи за нивната активност.

Токму во овој втор случај се сомничи „Амазон“ дека „постојано собирал податоци за активностите на независните продавачи“. Според иницијалните информации во предистражната постапка, ЕК оценила дека „Амазон“ користи сензитивни информации во делот на конкурентноста, што би можело да значи дека гигантот ги прекршува правилата на ЕУ.

Комисијата сега ќе спроведе „продлабочена“ истрага во повеќе аспекти од активностите на “Амазон„ за да утврди дали има повреда на одредби од повелбите на ЕУ.

Ова е третпат како Европската комисија го истражува „Амазон“, неодамна платформата беше принудена да му исплати 250 милиони евра на Луксембург поради фискални аранжмани од 2003 година со оваа земја. Другиот предмет отворен од страна на ЕК се однесуваше на електронските книги, во овој случај не беше изречена санкција.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

A1on

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски