Белгија го отфрли барањето на соседна Германија за затворање на две постари нуклеарни централи во близина на заедничката граница, тврдејќи дека објектите ги исполнуваат најстрогите безбедносни стандарди.
Германскиот министер за животна средина Барбара Хендрикс побарала 40-годишните реактори „Тијанж 2“ и „Дул 3“ да се исклучат „додека не се решат безбедносните прашања“.
Белгиската агенција за нуклеарна безбедност соопшти дека двете нуклеарки „ги исполнуваат најстрогите можни безбедносни барања“.