Брисел блокиран поради антитерористички операции на полицијата

Од:

Белгиската полиција претпладнево почна антитерористичка операциа во бриселската населба Моленбек-Сент Жан, која се смета за „легло на радикалните исламисти“.

Голем број припадници на полицијата во утринските часови пристигнаа во тој дел од престолнината на Европската унија, а според поединечни извори се слушаат и пукотници.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, неколку улици во близина на центарот на белгискиот главен град се блокирани поради сомнеж за поставени автомобил-бомби,

Огромен број маскирани полицајци во целост ја затворија за сообраќај улицата „Рансфор“, околу која се распоредени противпожарни возила. Припадници на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи блокираа една зграда во оваа улица, од чии станари бараат да ги тргнат завесите од прозорците и да ги напуштат своите домови со кренати раце во воздух.

Во исто време, поради претрес на сомнителни возила во кои е можно да има бомба, белгиската полиција ги затвори и улиците во близина на институциите на Европската унија, но и на македонската Амбасада и Мисија при ЕУ, кои и во моментов се уште се блокирани.

По тероритисчкиот напад во Париз во петокот вечерта, викендов белгиската полиција изврши рации и претреси на домови во Моленбек-Сент Жан, како и на други локации, по сознанието дека најмалку двајца од терористите што убија повеќе од 130 лица во Париз, поттекнувале токму од оваа бриселска населба.

Претходно, по терористичкиот напад врз редакцијата на весникот „Шарли Ебдо“ во Париз на почетокот на оваа година, белгиската полиција успеа да неутрализира терористичка ќелија во градот Вервие на границата со Германија, каде беа убиени неколку терористи, а повеќемина беа уапсени, кои за неколку часа планирале да започнат напади врз полицајци и полициски станици ширум Белгија.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски