Бремените Британки предупредени да не патуваат во реоните зафатени со Зика

Од:

Британските здравствени власти ги предупредија бремените Британки да не патуваат во реоните од американскит континент, каде избувна вирусот Зика.

Вирусот го пренесуваат комарци и болеста што може да се развие најчесто наликува на поблаг облик на тропска треска.

Но, лекарите утврдија дека Зика е мошне опасен за бремените жени, откако во неколку земји на Латинска Америка се родија бебиња со неприродно мала глава, поради недоразвиен мозок.

Ваквите бебиња биле родени од мајки кои биле каснати од иницирани комерци во време додека биле бремени.

Вирусот Зика прв пат се појави во Бразил во мај 2015 година и од тогаш забрзано се шири низ земјата, како и во уште 12 други држави од Јужна и Централна Америка и во Карибите.

Само во Бразил до октомври минатата година беа регистрирани над пет илјади бебиња со недоразвиен мозок, а бразилските власти потврдија дека десетина од овие бебиња во меѓувреме починале.

Во Салвадор, властите им сугерираа на жените да не забременуваат во следните две години, а слични препораки има и во Еквадор, Колумбија и Јамајка.

Британските епидемиолози советуваат бремените жени, како и оние кои планираат да забременат, да се консултираат со своите лекари за заканата што ја носи вирусот Зика и за последиците од него.

Форин Офисот и британската задравствена агенција немаат воведено забрана за патување во земјите на Латинска Америка и Карибите, кои се омилена дестинација на британските туристи, но повикуваат на максимална претпазливост.

Предупредувањето доаѓа откако е утврдено дека тројца британски државјани се инфицирани со висрусот Зика, по престојот во Јужна Америка.

Светската здравствена организација вчера соопшти дека многу е веројатно вирусот Зика да се рашири низ целиот американски континент од Канада, до Чиле.

Според британските експерти, каснувањето од комарците што го шират вирусот не секогаш ги покажува основните симптоми, но може да се развие во болест, позната како тропска треска.

Основните симптоми се блага треска, коњуктивитис и главоболка. Не постојат специјални лекови за Зика, ниту има посебен третман или вакцина.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он