Една бремена Австралијанка, која живее во сојузната држава Квинсленд, е инфицирана со вирусот зика, соопштија австралиските здравствени власти.
Во соопштението се вели дека жената штотуку се вратила од патување во странство, но не се соопштени други детали.
Ова е трет случај на зика во Австралија, откако и претходните два се регистрирани во Квинсленд кај лица кои претходно престојувале во странство.
Вирусот зика се поврзува со микроцефалијата кај бебињата. Ваквите новореденичња имаат невообичаено мали глави и помал мозок, а оваа тешка аномалија е забележана кај децата родени од мајки кои биле инфицирани од вирусот, додека биле бремени.
Зика забрзано се шири низ земјите на Јужна и Централна Америка, како и во реонот на Крибите.
Првпат се појави во Бразил во мај минатата година, па досега оваа голема земја се регистрирани најголем број инфицирани и новороденшиња со микроцефалија.
Светската здравствена организација објави глобална тревога од зика.
Против зика се уште нема вакција, затоа што болеста која се развива е налик на грип, па многу заболени не ни занаат дека го носат во себе вирусот.
Експертите предупредуваат дека зика во овој момент е опасен за бремените жени и за оние кои планираат да станат мајки.