Бремена жена скокнала кон смртта, падобранот не се отворил

Од:

Швеѓанката Виолета Рослан, кога дознала дека е бремена сакала да скокне со падобран пред породувањето. Таа одлучила во четвртиот месец од бременоста, да го направи тоа, ветувајќи си дека тоа ќе биде нејзиниот последен скок, а потоа ќе му се посвети на бебето.

Со своето момче, Александар, се фрлиле од карпа на висина од 300 метри. За жал нејзиниотпадобран не се отворил. Загинала на лице место.

„Јас очајно ја молев да не скока кога таа ми кажа дека сака за последен пат да го почувствуа адреналинот пред да се породи. Постојано се плашев за неа. При секој нејзин скок се тресев. Сега е доцна за се“, изјави нејзината мајка Халина.

Несреќената девојка е искусен „скокач“. Заедно со своето момче многупати скокале од карпи, згради, антени.

Овојпат тој само бесмошно гледал како таа „скокнала“ во смртта носејќи го со себе и нероденото дете.

Би можело да ве интересира

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болница во Шведска

Папазов ќе чека одлука на Обвинителството за неговиот натамошен статус

Горан Наумовски

Вторник е ден на жалост во Србија поради жртвите во Кочани

Наставник ги казни учениците, им залепи лента на устите

А1он

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност