Папазов ќе чека одлука на Обвинителството за неговиот натамошен статус

Од:

Обвинителството вечерва соопшти дека распитот на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов е завршен и дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.

– Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката, информираат од Обвинителството.

Градоначалникот на Кочани денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Во моментот се врши распит и на други лица за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 59 лица.

На распит во Основниот суд во Кочани донесени се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фудбалер (30) го загуби животот по судир со голман

А1он

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Загина 44 годишник по пад во бездна во Словенија – се обиде да го спаси синот

А1он